Oд поодамна е познато како фанатик за вежбање и тренирање е Кристијано Роналдо и за тоа не треба да се трошат премногу зборови, но по неговите стапки веројатно тргнал и неговиот рин.
Каде и да игра Роналдо неговиот син настапува за истиот тим во помладите категории и засега не му оди лошо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Очигледно, Роналдо успеал дел од својата работна етика да пренесе и на Кристијано Јуниор. Португалецот сега објави фотографија од теретана на која е заедно со неговиот син кој има само 14 години.
Мора да се признае дека Кристијано Јуниор е во одлична форма за еден 14-годишник, но кога Роналдо е до него тоа и не е нешто неочекувано.