Дома Топ вести Роналдо му нареди на Перез: Него мораш да го купиш, тој е мој наследник!

Роналдо му нареди на Перез: Него мораш да го купиш, тој е мој наследник!

Кристиано Роналдо наводно имал разговор со Флорентино Перез и му порачал дека Реал Мадрид мора да го купи Пауло Дибала од Јувентус бидејќи во него гледа негов наследник.

Според мислењето на Португалецот, Дибала е играч кој не смее да и се препушти на Барса или Манчестер Јунајтед бидејќи може да биде носител на играта на „кралевите“ во наредната деценија.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Дибала има договор до 2022 година со Јувентус и среќен е во Торино, но јасно дека тешко може да одбие повик од Реал Мадрид.

Притоа, Роналдо го гледа како негов наследник, а Флорентино Перез сака да договори со управата на Јувентус да има предност при неговото купување.

Шпанските медиуми тврдат дека Реал нема да брзо да го купи Аргентинецот следното лето, туку за неколку години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…