Дома Фудбал Роналдо испрати писмо до дома до 22.000 навивачи: Ми кажуваа дека нема да одам, а јас и дадов два гола на Германија во 2002 – ќе го надминеме ова!

Роналдо испрати писмо до дома до 22.000 навивачи: Ми кажуваа дека нема да одам, а јас и дадов два гола на Германија во 2002 – ќе го надминеме ова!

Некогаш најдобриот фудбалер во светот Бразилецот Роналдо денес е најголем акционер и претседател на Реал Ваљадолид, но сигурно и еден од најактивните фудбалери на социјалните мрежи во време на пандемијата од коронавирусот.

Легендарниот Бразилец покажа дека му значат клубот и навивачите и затоа одлучи да испрати писмо до адреса на сите 22.000 лица со годишни влезници. Шпанска „Марка“ писмото го пренесе во целост.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Долго размислував како да ви се обратам во ова време на ограничувања и лоши вести. Конечно одлучив да ви го испратам ова писмо и се надевам дека ќе почувствувате приврзаност со оглед на желбата со која го напишав. Од мојот, до вашиот дом, од моето семејство, до вашето семејство.

Физички сме раздвоени, но убеден сум дека никогаш не сме биле вака блиски. Колективниот дух, одговорноста и хуманоста се клучните работи. Дома седиме поради самите себе, поради оние кои ги сакаме, поради сите кои не ги познаваме и поради оние кои не се повеќе со нас. Си помагаме прифаќајќи ја солидарноста на разни начини.

Фудбалот ме научи на многу работи, а најмногу како да се надминат проблемите. Кога ја добив првата и најтешка повреда на коленото ми зборуваа дека повеќе никогаш нема да можам пак да играм, дури и дека можеби нема да одам. Се чувствував како да ми го одземале целиот живот. Во тие моменти кога сопствените граници ми беа пократки, се борев на сите да им докажам дека и понатаму можам да го правам она што најмногу го сакам. Беа тоа три тешки години на рехабилитација, тие ме мотивираа повторно да го пчувствувам теренот и топката во нозете. На крајот дојде и тој момент, можеби најзначаен во кариерата: 2002, бев во Јапонија на Светското првенство со Бразил и постигнав два гола во финалето против Германија. За мојата земја, за петта титула светски шампион, за мене тоа беше посвета на моето враќање.

Ако ова писмо стигне до вас, тоа е затоа што еден од моите животни избори беше Ваљадолид. И јас избрав. И јас сум стравствен. Како вас, се радувам на враќањето на нашиот стадион дома…Затварам очи и гледам полн стадион, таа страст ме движи. Сакам да ви се заблагодарам што сте со мене од кога влегов во ова семејство.

Останете расположени. Во ова сме заедно и ќе излеземе посилни. Се гледаме наскоро! Голема прегратка“, напиша Роналдо во писмото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…