Кристиано Роналдо постигна 25 или повеќе голови во осум последователни сезони, и со ова го изедначи учинокот на Меси.
Но, по триумфот во Малага, Роналдо ја отвори душата во разговор за „Марка“
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Луѓето зборуваат за мене дека сум деликвент, Не сум светец, но не сум ни ѓавол. Тие кои зборуваат за мене немаат поим. Не гледам ТВ бидејќи многу лошо се зборува за мене надвор од фудбалот. Кога луѓето зборуваат за Кристиано, тоа е лошо“, изјави Роналдо.
„Фудбалските критики не ме загрижуваат бидејќи знам дека за тоа нема што да кажам. Секогаш кога зборувам, луѓето во рацете држат два камења. И јас имам семејство, мајка, син и не сакам да гледам како ме споредуваат со некој што прави глупости. Јас не правам глупости“, додаде Португалецот.