Дома Фудбал Останато Роналдо за времето во Јунајтед: Да не учиш од такви играчи треба да си имбецил

Роналдо за времето во Јунајтед: Да не учиш од такви играчи треба да си имбецил

Кристиано Роналдо во периодот од 2003 до 2009 година го носеше дресот на Манчестер Јунајтед.

Португалецот од Спортинг пристна во редовите на „црвените ѓаволи“ и за шест години запиша 292 настапи и постигна 118 голови пред да премине во Реал Мадрид.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Роналдо беше во Јунајтед и во тој тим играше заедно со многу одлични играчи.

Сега на интеренет се појавуваат делови од интервјуто кое го даде „Франс Фудбал“, па денес беше објавен дел во кој зборува за периодот во Манчестер Јунајтед.

Роналдо доби прашање како станал одличен голгетер.

„Станав така што го користев својот мозок. Ако си малку интелегентен, гледаш и како пример ги зимаш работите кои другите ги прават подобро од тебе. Тоа го правев во Манчестер Јунајтед со Рајан Гиггс, Пол Сколс, Руд Ван Нистерлој, Рио Фердинанд…Ако не учиш од такви играчи тогаш си имбецил“.

„Целта не е да ги имитираш, туку да го научиш она што го прават најдобро и да го прилагодиш на себе. Имав талент и учев од нив“, изјави Роналдо.

Потоа зборуваше за Сер Алекс Фергусон.

„Ме научи многу, со него сфатив дека имам потенцијал да постигнувам голови, не само да додавам и да дриблам. Започнав да размислувам за тоа да станам комплетен играч без слабости. Можев да постигнувам голови со десна и лева нога, со глава…Ако имаш работна етика и добар стил на живот тогаш можеш да бидеш на високо ниво и на 34 години“, порача Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри го менува Тен Хаг во Манчестер Јунајтед

Искусниот италијански стратег Масимилиано Алегри наскоро би можел да седне на кормилото на…