Дома Фудбал Англија Роналдо донесе конечна одлука!

Роналдо донесе конечна одлука!

Иднината на Кристиано Роналдо е главна тема во спортските медиуми бидејќи долго време се најавува дека може да го напушти Манчестер Јунајтед на лето.

Новиот менаџер Тен Хаг најави дека ќе има разговор со Роналдо, но добро информираниот новинар Фабрицио Романо тврди дека Португалецот веќе донел конечна одлука.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Роналдо не се плаши од конкуренцијата и не сака да му биде ветено од Тен Хаг дека ќе има голема минутажа, но неговата одлука е јасна и тој сака да ја промени средината.

Роналдо е свесен дека има уште една, две сезони на највисоко ниво и сака да игра во Лигата на шампиони, а не во Лига Европа.

Тој го известил својот менаџер Мендеш да му договори трансфер во клуб кој се бори за освојување на Лигата на шампиони.

Медиумите пренесуваат дека тоа може да биде трансфер во ПСЖ или враќање во Реал Мадрид, па останува да видиме колку е тоа реално.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

По реакциите на навивачите: КК Пелистер го врати старото лого во кое го има зборот Македонија

Eкипата на Пелистер пред околу десет дена објави ново лого во кое акцентот беше ставен на …