Дома Фудбал Роналдо доби награда за животно дело, му ја додели Перез лично (видео)

Роналдо доби награда за животно дело, му ја додели Перез лично (видео)

Фудбалската мега-ѕвезда Кристиано Роналдо доби награда за животно дело доделана од најпопуларниот шпански весник „Марка“.

Роналдо после една година се врати во Мадрид да ја прими наградата, која му ја додели неговиот поранешен претседател Флорентино Перез.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Роналдо е жива легенда на Реал Мадрид каде одигра 428 меча на кои постигна 450 погодоци пред минатото лето да се пресели во Јувентус.

„Бев тажен кога си замина од Реал. Ми недостасува Мадрид, моите деца тука се роден, тука ја запознав мојата девојка, па се надевам дека наскоро ќе се вратам во овој град“, изјави Роналдо.

„Не можев да пропуштам ваков настан. Јас сум фан на Кристиано Роналдо. Тој ќе ни недостасува до крајот на животот“, изјави Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валенсија посрамотена во Каталонија: Барселона ѝ даде дури шест гола (Видео)

Барселона на импресивен начин ја потврди фаворитската улога во Ла Лига, совладувајќи ја Ва…