Вториот престој на Роналдо во Манчестер Јунајтед не поминува според очекувањата ниту на Португалецот ниту на „црвените ѓаволи“.
Англиските медиуми пишуваат дека Манчестер јунајтед најверојатно ќе го пушти Роналдо да замине уште во јануари, иако во текот на летото се обидуваше да си најде нов клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Сан“објави дека Интер Мајами, клубот на Дејвид Бекам кој се натпреварува во американската МЛС, се обидува да го доведе 37-годишниот Португалец.
Единствениот услов што го има Интер Мајами е Роналдо пред тоа да го раскине договорот со Јунајтед и да замине во САД како слободен играч.
Сепак, парашање е дали Роналдо ќе се согласи да се пресели во САД или се уште сака да игра врвен фудбал во Европа.