Един Џеко најверојатно ја игра последната сезона во Рома, а италијанските медиуми пренесуваат дека „волчицата“ веќе пронашла замена за Босанецот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Рома одлучи да го продаде Џеко бидејќи влегува во последната година од договорот, а како најсериозни кандидати за неговиот потпис се споменуваат Вест Хем и милански Интер.
Италијанските медиуми тврдат дека Рома веќе ја пронашла неговата замена, а станува збор за фудбалерот на Бока Јуниорс и аргентински репрезентативец, Дарио Бенедето.
Раководството на „волчицата“ веќе ги започна преговорите со неговите агенти, а наскоро ќе треба да се финализира трансферот кој ќе чини 20 милиони евра.
Бенедето на „Олимпико“ треба да биде замена за Џеко, а за него ова ќе биде прво европско искуство, откако веќе три години го носи дресот на Бока Јуниорс.
Претходно настапуваше за Арсенал, Гимназија и Дефенсор, а во меѓувреме стана и аргентински репрезентативец.