Рома има само теоретска шанса да се пласира во Лигата на шампиони, а италијанските медиуми најавуваат сериозна реконструкција на тимот ова лето.
Најпрво треба да биде донесен нов тренер, Клаудио Раниери заминува, а најсериозен кандидат во моментов е актуелниот тренер на Аталанта, Џанпјеро Гасперини.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наводно Гасперини со себе од Аталанта ќе го доведе Дуван Запата, кој би требало да биде замена за Един Џеко.
Промени ќе има и во одбраната каде Коларов и Фацио сигурно заминуваат, а најголема желба за средниот ред е Николо Барела од Каљари, кој е посочен како идеален наследник на Даниеле де Роси.
„Волчицата“ без пласман во Лигата на шампиони најверојатно ќе мора и да продаде некоја од своите ѕвезди, а медиумите тврдат дека на излезна врата е Костас Манолас, но неизвесна е иднината и на Ел Шарави и Клајверт.