Во последниот ден од преодниот рок Рома донесе засилување за левата бековска позаиција, што ќе биде замена за Емерсон Палмери кој се пресели во Челзи.
Станува збор за играчот на Спортинг Лисабон, Џонатан Силва за кого „волчицата“ ќе плати 6 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Силва веќе пристигна во Рим на лекарски прегледи, па се очекува до крајот на денот и офицјално да стави потпис на 5-годишен договор.
Инаку станува збор за Аргентинец кој минатото лето од Бока Јуниорс се пресели во Спортинг Лисабон.
Коментари