Aлександар Коларов ова лето ќе ја промени средината и од Рома ќе се пресели во редовите на Интер и тоа значи дека Рома ќе мора да доведе негова замена.
Сега „Газета дело Спорт“ пишува дека замена за Коларов може да биде Сеад Колашинац од Арсенал. Како што пишува овој медиум, Рома на оваа операција не сака да потроши повеќе од 5-6 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сеад Колашинац сега изгледа е прв опција да го замени Коларов. Колашинац и претходно знаеше да се поврзува со Рома и наводно има желба да игра во Италија, има 27 години и договорот му истекува во 2022 година.
Во Арсенал тој заработува три милиони евра по сезона и отпрлика таа плата би требало да му ја обезбеди и „волчицата“.
Колашинац во Арсенал дојде во 2017 година ако слободен играч и потпиша договор на пет години. Ова лето се споменуваше дека може да се врати и во Шалке, но сега и Рома е во игра.