Трансферот на Един Џеко во лондонскиот клуб се одовлекува, но „Волчицата“ има подготвено план доколу остане без својот напаѓач.
Се шпекулира дека денеска ќе биде „денот Д“ и дека до тогаш ќе падне одлуката за понатамошната кариера на 31-годишниот играч, а Рома веќе работи на потенцијалната замена. На метата на тимот од италијанскиот главен град е играчот на Барселона, Жерард Делофеу, пренесува „Mediaset Premium“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанецот не игра на иста позиција на која игра Џеко, повеќе игра на десното крило. Неговото доаѓање во средината на теренот повеќе би им сметало на Патрик Шик и Грегор Дефрел.