Дома Фудбал Останато Рома го откупи Перез од Барселона поради чудната клазула

Рома го откупи Перез од Барселона поради чудната клазула

Рома во зимскиот преоден рок го доведе Карлес Перез од Барселона на позајмица до крајот на сезоната.

Барселона и Рома се договорија за шестмесечна позајмица со обврска Рома да го откупи договорот на Перез. Меѓутоа во договорот на фудбалерот имаше и една интересна клазула поради која Перез веќе стана играч на Рома.

Клубовите вметнаа клазула според која Перез ќе стане играч на Рома кога овој клуб ќе го освои првиот бод од неговото пристигнување. Тоа се случи минатиот викенд кога Рома го победи Лече со 4:0.

Рома денес потврди дека го откупила догворот на Перез за сума од 12 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Играше за Реал, Јувентус и Челси: Сега во шокантен потег се сели во втора лига

Алваро Мората би можел да направи еден од најнеочекуваните потези во кариерата. Шпанскиот …