Дома Фудбал Романо го опишува последниот ден на Меси во Барселона: Лео дојде на потпис и остана шокиран

Романо го опишува последниот ден на Меси во Барселона: Лео дојде на потпис и остана шокиран

Oткако минатото лето беше на излезни врати од клубот, овој пат во малку поинакви околности потврдено е заминувањето на Меси од Барселона.

Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо откри како изгледал последениот ден на Меси во Барселона. Наводно, Аргентинецот бил шокиран од ваквиот расплет.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Меси беше во Барселона и чекаше потпис на договорот до 2026 година. Условите беа претходно договорени и немаше никаква тензија помеѓу клубот и играчот. Барселона веќе имаше објава со која требаше да објави во четвртокот после пладне дека Меси останува“.

„Но, клубот во текот на денот комуницираше до раководството на Ла Лига и тогаш се дозна дека договорот на Меси ќе биде стопиран. Меси беше повикан на итен состанок, а Лапорта му соопштил дека нема да можат да го задржат. Лео беше шокиран, но се заблагодари на искреноста на Лапорта. ПСЖ веднаш стапил во контакт, со нив разговараше пред три месеци. Тогаш ја одби понудата затоа што беше сигурен дека ќе остане во Барселона“, објаснува Романо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ го убеди еден од најдобрите да дојде во Милан: „Стар пријателе, те чекам!“

Веќе во првите месеци во дресот на Росонерите стана јасно дека Милан не доби само уште еде…