Aргентинецот, Хуан Мартин Дел Потро се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос откако го победи Хрватот Марин Чилиќ во четири сета 7:6, 5:7, 6:3 и 7:5.
Дел Потро до победата стигна после скоро четири часа игра. Мечот вчера беше пркинат поради дожд при резултат 5:5 во во тај-брејк во првиот сет. Аргентинецот денес освои два поени во тај-брејкот и поведе во мечот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Чилиќ во вториот сет на два пати го одзема сервиот на Дел Потро кој направи еден брејк и изедначи на 1:1. Хрватот добро го започна третиот сет и поведе со 3:1, но тогаш застана. Дел Потро врза пет гејмови и поведе со 2:1.
Дел Потро во 11 гејм во четвртиот сет го одзема сервисот на Чилиќ и се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос прв пат после 2009 година.
Во полуфиналето Дел Потро ќе се сретне со Рафаел Надал.