Дома Трансфер зона Родригез самиот потврди: После натпреварот со Ливерпул ја откри неговата желба

Родригез самиот потврди: После натпреварот со Ливерпул ја откри неговата желба

Колумбискиот фудбалер Хамес Родригез често пати се поврзува со заминување од редовите на Баерн Минхен.

Овој 27 годишен фудбалер ја минува втората сезона на позајмица во редовите на Баерн Минхен, а неговиот договор со Реал Мадрид има важност до 2021 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хамес после вчерашниот натпревар на „Енфилд“ за шпанската „Кадена СЕР“ откри што можело да се случи во текот на леото. Според неговите зборови тој сака да се врати во Мадрид.

Тоа јасно можеше да се заклучи од неговата изјава.

„До јуни имам договор, па ќе видиме што ќе се случува. Во Мадрид имам се, куќ,а луѓе кои ме сакаат…Не знам, не знам, ќе видиме што ќе се случи. Засега сум тука, но никогаш не можеш да знаеш што носи иднината. Сега сакам само да ја завршам сезоната на најдобар можен начин“, изјави Хамес.

На прашањето дали би се вратил во Мадрид и дали му недостасува градот, Колумбиецот даде краток и јасен одговор.

„Искрено, да“, заклучи Хамес.

Родригез оваа сезона често пати во немилост на тренерот Нико Ковач. Често пати се жалеше на третманот во клубот, а одредено време беше надвор од терените поради повреда.

Вкупно оваа сезона Хамес одигра 18 натпревари за гигантот од Минхен, постигна три гола и запиша четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…