Дома Останати Тенис Родик со критики за Ѓоковиќ: Тој е негативец!

Родик со критики за Ѓоковиќ: Тој е негативец!

Осуда на сметка на Новак Ѓоковиќ по инцидентот на УС Опен стигнуваат од сите страни, а последен од оние кои го нападнаа Србинот е Енди Родик.

Поранешниот тенисер го нарече Ѓоковиќ негативец во трката со Роџер Федерер и Рафаел Надал. Америакнецот истакна дека се вознемирил што Новак не бил загрижен за грлото на жената која беше погодена од топчето, туку притискал да се продолжи натпреварот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Тој во последните шест месеци доживува пи-ар дебакл. Новак на некој начин е негативец. Во овој период кога сите ги сакаат Надал и Федерер, Ѓоковиќ е човекот кој сака да го у бие бамби во очите на љубителите на тенисот.

Тоа беше несреќен настан. Дел кој мене ме вознемири е разговорот од 20 минути на мрежата, а ми делуваше како да не е загрижен за грлото на жената. Потоа ја прескокна прес конференцијата, што дополнително ја влоши работата“ –изјави Родик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познат терминот на првиот меч на Ѓоковиќ на Ју-Ес Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ дозна кога ќе го игра мечот од првото коло на Отвореното пр…