Дома Трансфер зона Робињо не мисли на пензија: Се враќа на позната дестинација?

Робињо не мисли на пензија: Се враќа на позната дестинација?

Бразилецот Робињо своевремено беше еден од најголемите таленти на светскиот фуддбал. Потенцијалот во целост не го исполни, но и денес со 36 години може да и помогне на својата екипа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Робињо од јануари 2018 година во Турција, прво настапуваше за Сиваспо, а една година подоцна за Башекшир. Соработката со Башакешир многу веројатно нема да биде продолжена, па Робињо е во потрага по нова средина.

Наводно, главен фаворит за да го доведе е клубот за кој Робињо настапуваше неколку пати во кариерата, бразилски Сантос.

Како што пишува „Глобоеспорте“ во Сантос веруваат дека ќе успеат да ги обезбедат услугите на Робињо. Според информациите преговорите се веќе започнати.

Робињо сениорската кариера ја започна во токму во Сантос од каде што во 2005 година направи трансфер во Реал Мадрид. Потоа ушта два пати го облекуваше дресот на овој клуб (2010. 2014-2015).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…