Дома Фудбал Останато Робињо на шега на Зидан во Реал му договорил супер договор со Перез

Робињо на шега на Зидан во Реал му договорил супер договор со Перез

Последниот натпревар во клупската кариера Зинедин Зидан го одигра во 2006 година.

Секако, го одигра за својот Реал Мадрид, а интересна приказна од соблекувалната после тој натпревар за „ЕСПН“ раскажа Сисињо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Игравме против Виљареал и беше нерешено. На никого не му беше гајле за резултатот бидејќи знаевме дека се простува еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Зидан тогаш беше малку тажен, додека ние сите бевме во некое посебно расположение“.

Потоа ја раскажа анегодотата која се случила после натпреварот.

„Во соблекувалната влезе Флорентино Перез и се поздрави со секој од нас. Дојде до Робињо кој на шега му кажа дека Зизу ќе остане ако му понуди договор од две години и плата од 6.5 милиони евра по сезона. Тоа тогаш беше износот на најголемата плата во Реал. Сите се насмеавме, па и самиот Зидан, меѓутоа Перез беше сериозен. Го повика Зидан и му кажа веднаш да оди во канцеларија да потпишат ако е тоа она што го сака, сепак Зидан му одговори дека е решен да оди во пензија“, заврши Сисињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…