Eнди Робертсон вчера заедно со своите соиграчи од Ливерпул ја прослави титулата во Премиер лигата, нешто на кое овој клуб чека 30 години.
По долго време Ливерпул повторно е шампион на Англија, Робертсон е еден од најважните играчи па во оваа прилика тие се потсетија на еден негов твит од пред осум години.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Робертсон тогаш на 18 години ја почнуваше сениорската кариера и играше во третата шкотска дивизија. Примањата на Робертсон тогаш биле мали, па фрустриран се решил да напише еден твит на кој денес фановите го потсетуваат.
„Животот на мои години е ѓубре без пари“.
Веднаш до овој текст Робертсон додал и хаштаг дека му е потребна работа.
life at this age is rubbish with no money #needajob
— Andy Robertson (@andrewrobertso5) August 18, 2012