На Баерн веќе констатно се случува во еден момент од сезоната да им се повредуваат клучните играчи и да се најдат во проблем.
Така беше и оваа сезона кога во еден момент се повредија Серж Гнбари и Кингсли Коман. Тогаш Баерн се обидел на еден по малку очајнички потег.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, од Минхен го повикале Арјен Робен да се реактира и да помогне на тимот. Холанѓанецот сепак одговорил негативно иако имал желба.
„Ме повикаа да се вратам. Сакав, но на крајот одлучив да не го направам тоа“, изјави Робан за „Билд“.
Робен го носеше дресот на Баерн цели 10 години. За тој период одигра 309 натпревари и постигна 141 гол. Во пензија замина минатото лето.
Легендарниот Холанѓанец после заминувањето во пензија имаше и понуда од Бразил од Фламенго, меѓутоа и нив им го дал истиот одговор.