Дома Фудбал Останато Робен е пред ГОЛЕМА животна одлука

Робен е пред ГОЛЕМА животна одлука

Ѕвездата на Баерн Минхен размислува за пензионирање, бидејќи неговиот договор со Баерн Минхен е пред крајот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Крилото на Холандија и поранешниот играч на Челзи и Реал Мадрид во годините зад нас стана еден од најдобрите играчи со лева нога, постигнуваше прекрасни голови, а големо е прашањето дали ќе го гледаме и следната година на фудбалските терени или пак ќе се пензионира.

Робен изјави дека се уште ја чека понудата за обновување на договорот, пред да одлучи за иднината, но додаде и дека размислува за пензионирањето.

„За мене тоа се уште не е проблем, што работам, што ќе направам во иднина, се уште не знам, бидејќи не ја донесов одлуката. Секогаш морате да понесете се со себе и кога се е на масата, тогаш имате разни размислувања и имате други опции, но тоа се уште го немам и се уште не можам да донесам одлука“, изјави Робен за „BR Sprot“.

Кога го прашаа околу пензионирањето Робен го изјави следново:

„Јас мислам дека тоа е најтешката одлука кога ќе влезете во годините во кои знаете дека крајот е блиску, да се донесе вистинската одлука секогаш е тешко“, изјави Робен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид го претстави Дамфрис, еве колку го плати

Реал Мадрид го потврди пристигнувањето на холандскиот дефанзивец Дензел Думфрис од Интер М…