Португалскиот ас Кристијано Роналдо разговараше со новинарите и најави уште колку години планира да игра фудбал пред да се пензионира.
Роналдо истакна дека нема намера да ја напушти Саудиска Арабија, па затоа Ал Наср најверојатно ќе биде и неговиот последен клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако се остварат наајвите на Португалецот неговиот план е да биде активен на фудбалските терени уште две-три години.
„Среќен сум тука, убаво ми е во Саудиска Арабија и мислам дека нема брзо да се пензионирам. Ќе играм уште две-три години и веројатно ќе завршам во дресот на Ал Наср“, изјави Роналдо.
Низ кариерата Роналдо играше уште за Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус. Во редовите на Ал Наср пристигна во 2023 година. Оваа изјава на Роналдо значи дека ќе биде активен и кога ќе се игра Светското првенствово 2026 година.