Maкедонската фудбалска репрезентација во последниот натпревар со Германија претрпе убедлив пораз на домашен терен и така направи чекор назад во борбата за бражот, иако пораз од една Германија не треба да биде толкаво разочарување.
Капитенот Стефан Ристовски во изјава за хрватските медиуми по враќањето во Загреб истакан дека резултатот не треба толку да зачудува.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не би кажал дека Германиај не спушти на земја. По натпреварот кога ги победивме во Дуизбург веднаш си кажавме дека треба да го заборавиме тој резултат, тоа не е случвуа секој ден. Ние немаме играчи како Хрватска, немаме толку широк состав да замениме некој од првотимците. Се забележа кога излезе Адеми дека недостига, тешко може да се надополни неговото отсуство“.
Повредата на Адеми.
„Изгледаше лошо…Кога го слушнав неговиот извик на теренот си помислив: Само да нема нешто скршено. Беше навистина страшно. Сепак за среќа го видов во клубот како оди нормално, се надевам брзо ќе закрепне. Сите знаеме колку недостига, од голема важност е за Динамо“, изјави Ристовски.
Македонија во последните два квалификациски натпревари ќе се сретне со Ерменија и Исланд ако сакаме бараж мора да победиме во двете средби и да чекаме кикс на Романија.
Фото: ФФМ