Дома Македонски спорт Мак фудбал Ристовски: Заедништвото и тимскиот дух ќе ни донесат успех

Ристовски: Заедништвото и тимскиот дух ќе ни донесат успех

Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за продолжението на натпреварите од групната фаза во Лига на нации.

Нашата најдобра селекција на 9-ти јуни игра против Грузија на Националната арена „Тодор Проески“, а три дена подоцна го пречекуваме составот на Гибралтар. 

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Милан Ристовски вели дека заедништвото и тимскиот дух може да ни донесе победа против Грузија. 

„Можеме да победиме против Грузија ако веруваме во себе, во нашиот квалитет, ако веруваме во замислите на селекторот и се разбира, да покажеме желба и борба на мечот во четврток. Знаеме каде се нивните силни страни, но ние сме сконцентирани на нашата игра, тоа е нешто на кое работиме на тренизите. Верувам дека заедништво и тимски дух кое сме го покажале досега, повторно ќе ни донесе успех“, изјави Ристовски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…