Англискиот напаѓач Вејн Руни се наоѓа на чекор до враќање во Англија.
Руни моментално игра во САД за ДЦ Јунајтед, но очигледно има голема желба да се врати во Англија. Островските медиуми пренесоа дека Руни постигнал договор со Дерби и е на чекор до трансфер во клубот од Чемпионшип.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед денеска беше на преговори и наводно бил постигнат договор да дојде во Дерби како играч-тренер. Наводно, препрека за враќање во Англија нема и се очекува Руни во јануари да се приклучи на екипата на Дерби.
Дека има вистина во тоа најдобро покажува и објавата на Фердинанд кој се огласи на Твитер. Својот поранешен соиграч од Јунајтед го запраша дали ќе му треба превоз кога ќе тргне за Дерби.
Wazza… you need picking up in the morning to go Derby?! ? @WayneRooney
— Rio Ferdinand (@rioferdy5) August 6, 2019