Дома Трансфер зона Ривер Плата ќе добие 51 милион од трансферот на Фернандез во Челзи

Ривер Плата ќе добие 51 милион од трансферот на Фернандез во Челзи

Ривер Плата ќе добие 51 милион од трансферот на Енцо Фернандез од Бенфика во Челзи, пренесуваат аргентинските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Трансферот на Фернандез на „Стенфорд Бриџ“ е пред комплетирање откако Челзи се согласи да ја плати откупната клаузула од 127 милиони евра.

Ривер Плата ќе добие 33 милиони евра како матичен клуб од каде поникнал играчот. Исто така ќе добие и 18 милиони евра од Бенфика, според договорот при продажбата на Аргентинецот ова лето.

Фернандез ова лето пристигна во Бенфика и одигра само 15 меча за клубот од Лисабон, но блесна на Мундијалот каде беше избран за најдобар млад фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…