Ривер Плата ќе добие 35 милион од трансферот на Енцо Фернандез од Бенфика во Челзи, пренесуваат аргентинските медиуми.
Трансферот на Фернандез на „Стенфорд Бриџ“ беше комплетиран синоќа, откако Челзи се согласи да ја плати откупната клаузула од 120 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фернандез ова лето пристигна во Бенфика за само 12 милиони евра, но аргентинскиот клуб задржа процент од неговата следна продажба.
После само неколку месеци, особено после одличните партии на Мундијалот неговата цена вртоглаво порасна.
Челзи за неговиот потпис плати 120 милиони евра и така Фернандез стана најскапата аквизиција во историјата на Премиер лигата.