Ривер Плата за малку ќе направеше чудо слично на она кое го направи Ливерпул во полуфиналето во ЛШ против Барселона.
Актуелниот првак на Јужна Америка го победи Атлетико Туцуман со 4:1 во реванш натпреварот од четвртфиналето на Купот, но за жал поради поразот од 3:0 од првиот натпревар не одат понатаму.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако имаа три гола минус од првиот натпревар од самиот почеток тимот на Марсело Гаљардо тргна офанзивно и беа на прагот од чудо.
Фернандез и Прато го донесоа Ривер до водство од 2:0 на полувреме, но веќе на почетокот од второто полувреме Атлетико преку Толедо успеа да постигне злато вреден погодок за 2:1, а тој гол на крајот ги однесе во полуфинале.
Ривер до крајот со головите на Суарез и Прато успеа да дојде до водство од 4:1. Сепак во последните пет минути не успеа да постигне петти погодок кој ќе ги пласираше понатаму, па во полуфиналето оди екипата на Атлетико.