Легендарниот фудбалер на Барселона, Ривалдо е загрижен поради трансфер политиката на клубот од „Камп Ноу“.
Според него лошите трансфери во последните години довеле тимот да биде премногу зависен од Лионел Меси.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Тимот е премногу зависен од Лионел Меси. Неговото значење за тимот не престанува да се зголемува и веќе е со гигантски размери. Тоа се гледа кога противниците ќе успеат да го сопрат или кога не игра добро. Проблемот за сето тоа се лошите трансфери во последните години. Некои фудбалери заминуваат и не се заменуваат адекватно“, изјави Ривалдо.
Ривалдо не е задоволен и од новиот тренер на Барселона, Кике Сетиен.
„Со овој тренер Барселона ги започнува акциите од својот казнен простор, но најзагрижувачки е тоа што нема играчи кои се осмелуваат да шутираат од надвор за да го изненадат противникот“, заклучи Бразилецот.
First #ElClásico incoming! pic.twitter.com/7TUYTVmgo5
— FC Barcelona (@FCBarcelona) February 28, 2020