Дома Македонски спорт Мак ракомет Репрезентативците Јагуриновски и Аларов порано од предвиденото во Вардар!

Репрезентативците Јагуриновски и Аларов порано од предвиденото во Вардар!

Репрезентативецот на Македонија, Томислав Јагуриновски и повремениот член на репрезентацијата Михаил Аларов во пролетниот дел од сезоната ќе играат за Вардар.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Управата на Вардар се договори со скопскиот суперлигаш Пролет каде досега играа двајцата ракометари да се преселат во СЦ „Јане Сандански“ и да му помогнат на тимот во одбрана на двојната титула.

Двајцата ракометари требаше да дојдат во Вардар од јуни, и да останат две сезони. Сега порано ќе го облечат шампионскиот дрес на „црвено-црните“ и ќе имаат шанса побрзо да се вклопат во играта на Вардар.

Михаил Аларов веќе тренира со тимот, а Јагуриновски с еочекува да се приклучи по завршувањето на настапот на СП во Полска каде тој е со репрезентацијата на Мкедонија.

Јауриновски по две сезони повторно ќе биде дел од Вардар, и тој е дете кое потенува од школата на клубот. По една полусезона мината на Исланд се врати во Македонија, а од следната сезона пак ќе биде дел од Вардар.

Игра на позиција на десен бек, а по потреба може и да игра како десно крило. Леворакиот играч веќе е стандарден дел од репрезентацијата на Македонија и со своите игри покажува дека е зрел играч.

Михаил Аларов важи за еден од перспективните пивотмени во првенството. Неколку сезони игра стандардно и заслужува да биде дел од најдобрите. Се наоѓа на поширокиот список за репрезентацијата на Македонија и сериозно се наметнува за во иднина.

Тој ќе биде колега на Милан Лазаревски, Стефан Атанасовски и Стојанче Стоилов со што сигурно Вардар ќе ја има најквалитетните пивотменска позиција во првенството

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Пелистер се спаси од пораз: Хосни во последна секунда погоди против Алкалоид (Видео)

Актуелниот ракометен шампион Пелистер освои голем бод на гостувањето кај Алкалоид во Авток…