Ренато Санчез минатото лето пристигна во ПСЖ како големо засилување, но не добива голема минутажа во Париз и главно ја грее клупата за резерви.
Португалецот не е задоволен од својот статус во тимот и сака да ја промени средината, а и ПСЖ сака да се ослободи од него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најсилен интерес за него покажува Рома, бидејќи Мурињо верува во неговите квалитети и смета дека ќе биде одлично засилување.
„Волчицата“ веќе започнала преговори со неговиот агент Жорге Мендеш и двете страни се блиску до договор, бидејќи Португалецот сака преселба во Серија А.
ПСЖ пак е спремен да го пушти Ренато Санчез на позајмица со право на откуп.