Дома Трансфер зона Второ засилување во еден ден: Рома потпиша и со Ренато Санчез

Второ засилување во еден ден: Рома потпиша и со Ренато Санчез

Oткако го промовираше Аргентинецот, Леандро Паредес, Рома го потврди трансферот и на Ренато Санчез.

Санчез во Рома пристигнува на позајмица од една година, а римскиот клуб ќе има опција да го откупи неговиот договор. За позајмицата на Ренато, Рома ќе исплати сума од еден милиони евра, доколку сака да го откупи ќе треба да плати 15 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во договорот на Санчез има и клазула според која ако Санчез одигра 60% од натпреварите откупот станува обврска.

„Среќен сум што ќе играм за Рома, доаѓам во голем клуб со одличен проект. Верувам дека го избрав идеалниот клуб за мене. За секој фудбалер е важно да ја почувствува поддршката од навивачите, па така е и за мене. Од првиот ден сфатив дека многу од фановите го сакаат тимот и тоа само ме мотивира да се покажам во најдобро светло“, изјави Санчез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Борусија го засилува нападот со еден од најдобрите фудбалери во Бундеслигата?

Борусија Дортмунд сезонава не беше многу конкурентна за титулата во Бундеслигата, но успеа…