Иско постигна прекрасен погодок од слободен удар во победата на Реал Мадрид над Малага со 2:1.
Кралевите гостуваа кај отпишаните Малага, а тимот на Зинедин Зидан и без главните ѕвезди успеа да оствари победа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Водечкиот гол го постигна Иско во 23. минута од слободен удар, а откако погоди против поранешниот клуб, одлучи да се извини пред навивачите на домашниот тим, што секако е потег за пофалба.
Ова беше негов прв гол во Ла Лига од слободен удар од седмиот обид, а очигледно се исплатеше трпеливоста. Во секој случај, домашните навивачи му аплаудираа, Иско беше и остана миленик на Малага.