Денес во рамките од 23-тото коло во шпанската Примера својот натпревар го одиграа и екипите на Гетафе и Селта Виго кој на крајот заврши со победа на домаќинот од 3:1.
Гостите до водство стигнаа уште во втората минута со голот на Арауха, за домаќините потоа да направат пресврт. Прво во 39-тата минута од белата точка погоди Мата за 1:1, а потоа во продолжение со головите на Молина во 62-та и повторно Мата во 81-та Гетафе стигна до победата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Она што го обележи овој натпревар е несекојдневната ситуација од 31-та минута кога Максимилијано Гомез буквално во една секунда доби два жолти картони и мораше да го напушти теренот.
Фудбалерот на домаќините се подготвуваше да изведе пенал, а Гомез имаше нешто да му приговори на судијата кој во супер краток временски период му покажа два жолти картони. Рекорд кој тешко дека некој ќе може да го сруши.
Maximiliano Gomez teki juuri jotain, mitä ei ihan joka päivä futiskentillä nähdä – otti kolme korttia samasta tilanteesta. Kaksi keltaista samassa tilanteessa ja punaisella ulos!#LaLigafi pic.twitter.com/gbQNLlkO4k
— Mobilebet Suomi (@MobilebetSuomi) February 9, 2019