Дома Фудбал Италија Реина: Кој не верува во Скудето, веднаш нека си замине

Реина: Кој не верува во Скудето, веднаш нека си замине

Голманот на Наполи кој на крајот од сезоната ќе го напушти Неапол и ќе се пресели во Милано во дресот на „росонерите“ не ги губи надежите за Скудето во Серија А со Наполи оваа сезона.

Откако Наполи одигра 0:0 на гостински терен против Интер го изгуби лидерското место и сега се наоѓа на втората позиција зад Јувентус кој има бод повеќе и натпревар помалку против Аталанта.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Поради ваквата ситуација многумина сметаат дека прашањето на шампионот е решено, но Реина истакна дека никој во Неапол не верува во такво нешто.

„Кој не верува дека можеме да стигнеме до титулата, не може да биде во нашата соблекувалната. Се уште има многу да се игра, далку е крајот, па така без никаков страв мораме да продолжиме. Не ни се потребни оние кои се плашат или пак се откажале“, порача Реина.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ханзи Флик не брза да потпише нов договор со Барселона

Главниот тренер на Барселона, Ханзи Флик, засега не покажува желба за долгорочна обврска с…