Екипата на Ред Бул негираше дека на двапати се обидела да го ангажира шпанскиот возач, Фернандо Алонсо за следната сезона во Формула 1, пред да соопшти дека ќе ја заврши сезоната.
Алонсо, кој неодамна најави крај на кариерата по завршувањето на оваа сезона, истакна дека Ред Бул му понудил договор за следната година, за да го замени Даниел Рикиардо, кој потпиша договор со Рено.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Формула 1 не ми нуди предизвици какви што сакам. Не сакам да влезам во оваа авантура“, истакна Алонсо.
Меѓутоа, екипата на Ред Бул наведе дека не му понудила договор на 37-годишниот возач.
Директорот на Ред Бул, Хелмут Марко истакна дека Алонсо не се вклопува во екипата.
„Преговаравме со него во 2007. и 2008. година. Не ни се допаѓаа неговите барања. Ако ја погледнете неговата историја, во Мекларен и Ферари, тоа секогаш беше претстава на еден човек“, наведе Марко пренесува Би-Би-Си.
Алонсо сака да ја освои неофицијалната „трипл круна“ во мотоспортот, победи во трката на Ф1 во Монако, во трката 24 часа Ле Ман, и останува уште победа во Инди 500. Тој не потврди дали ќе се натпреврува во Инфикар следната година, а истакна дека не очекува да се врати во Ф1.