Дома Фудбал Англија Револуција во фудбалот: ВАР ќе се користи како во тенисот!

Револуција во фудбалот: ВАР ќе се користи како во тенисот!

На Конгресот на ФИФА беа откриени новите случувања за иднината на фудбалот.

Најголемата промена е трансформацијата на ВАР технологијата, која предизвика бројни контроверзии од нејзиното воведување. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино најави подобрување на ВАР, кој многумина ќе го поистоветат со правилата на тенисот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Ќе го развиеме и подобриме ВАР. Овој систем го користат 65 национални здруженија, но сега ќе го подобриме. Создадовме поосновна технологија со помалку камери и без судии да одлучуваат, така што ќе биде достапна за секого и полесна за имплементација. Тој систем веќе се тестира“.

Ќе функционира по принципот на две барања по натпревар. Тренерите на секоја екипа ќе имаат право да бараат проверка на ВАР двапати во еден натпревар. Доколку првичната одлука на судијата се смени по извршената проверка, тимот што ја побарал проверката и понатаму ќе има право на две проверки. Доколку првичната одлука на судијата на теренот не се смени по завршувањето на проверката, тимот ќе го загуби едно од правата на проверка.

На Конгресот беше беше одреден и домаќинот на Светското првенство за жени во 2027 година, тоа е Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…