Дома Топ вести Реал Мадрид ја сака ѕвездата на Њукасл

Реал Мадрид ја сака ѕвездата на Њукасл

Реал Мадрид е силно заинтересиран за играчот на Њукасл и бразилски репрезентативец, Бруно Гимараеш.

24-годишниот играч за врска игра фантастично и го привлече вниманието  на многу европски гиганти.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Њукасл ја победи конкуренцијата и во јануари за 50 милиони евра го доведе во своите редови, а Бразилецот  продолжи со одличните партии во Премиер лигата.

После заминувањето на Каземиро, Анчелоти верува дека неговиот сонародник ќе биде идеална замена и сака да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.

Секако, нема да биде лесно да го убедат Њукасл да го пушти бидејќи клубот има големи финансиски ресурси, но „кралевите“ спремаат понуда од 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…