Реал Мадрид покажува сериозен интерес за ѕвездата на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Џошуа Кимих, пренесуваат шпанските медиуми.
Реал во минатото направи две одлични зделки откако од Баерн Минхен најпрво го доведе Тони Крос, а потоа и Алаба.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега Перез го сака Кимих да биде наследник на Тони Крос, кој ќе го продолжи договорот на уште една сезона со „кралевите“.
Кимих има договор со Баерн до 2025 година, а следното лето ќе влезе во последната година од договорот и Реал сака да ја искористи таквата ситуација.
Ова лето Реал ќе го доведе Белингам, а следното сака да го купи Кимих и двајцата да бидат наследници на Крос и Модриќ.