Дома Топ вести Реал ја сака младата ѕвезда на Ливерпул

Реал ја сака младата ѕвезда на Ливерпул

Ливерпул игра лоша сезона под сите очекувања, но промовираше нова млада ѕвезда во тимот, Стефан Бајчетиќ.

18-годишниот играч за врска веќе се наметна како стандарден во првиот тим и покажа дека е еден од најголемите таленти во Европа.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бајчетиќ одигра 22 меча оваа сезона за „црвените“, при што постигна еден гол и една асистенција, па тоа беше доволно да го привлече вниманието на Реал Мадрид.

Бајчетиќ е роден во Шпанија и најверојатно ќе игра за шпанската репрезентација, а Реал сака да го доведе на „Сантиаго Бернабеу“.

„Кралевите“ ќе имаат конкуренција во битката за потписот на Бајчетиќ од нивниот вечен ривал Барселона, која исто така го следи талентираниот фудбалер.

Сепак, Ливерпул тешко ќе се откаже од својот „бисер“ кој неодамна потпиша нов договор со клубот од „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Де Брујне може да си оди, Гвардиола ја наде замената

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …