Дома Топ вести Реал тргнува по Кулибали: Има понуда која не се одбива

Реал тргнува по Кулибали: Има понуда која не се одбива

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а примарна цел ќе биде ѕвездата на Наполи, Калиду Кулибали.

Сенегалецот е мета на многу европски гиганти, но Наполи во летниот преоден рок за неговиот потпис бараше 100 милиони евра.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сега работите се променија бидејќи Кулибали не е задоволен во Наполи, а тоа се одрази и на неговите настапи, па Реал сака да ја искористи таквата ситуација.

Шпанските медиуми тврдат дека Реал е спремен да понуди 50 милиони евра, плус потписот на Лука Модриќ.

Наполи го проценува Кулибали на 100 милиони евра, па тешко дека ќе ја прифати оваа понуда, но е отворен за преговори.

Реал не е единствениот клуб кој покажува силен интерес за Кулибали, но Реал е спремен да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…