Дома Топ вести Реал спреми понуда за ѕвездата на Наполи

Реал спреми понуда за ѕвездата на Наполи

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е силно заинтересиран за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


25-годишниот Шпанец пристигна во Наполи од Бетис и веднаш се промовираше во клучен играч во тимот, па сега е стандарден и во шпанската репрезентација.

Анчелоти одлично го познава Шпанецот бидејќи тој го донесе во Наполи и сака повторно да соработува со него на „Сантиаго Бернабеу“.

Реал подолго време го следи Фабиан Руиз и сега е спремен да преземе конкретни чекори за негов ангажман.

Договорот на Шпанецот со Наполи истекува во јуни 2023 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Реал смета дека тогаш ќе биде вистински момент за да го донесе Шпанецот на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…