Дома Топ вести Реал спреми интересна понуда: Играч плус пари за Ериксен!

Реал спреми интересна понуда: Играч плус пари за Ериксен!

Реал Мадрид не се откажува од намерата во своите редови да ја донесе ѕвездата на Тотеннхем, Кристиан Ериксен, па спреми интересна понуда за „спарси“.

Ериксен неодамна призна дека е спремен да го напушти Тотенхем во потрага по нов предизвик во кариерата, а преселба на „Сантиаго Бернабеу“ е неговата најголема желба.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Договорот со Ериксен со Тотенхем истекува летото 2020 година, а „спарси“ за неговата слобода бараат 100 милиони евра.

„Кралевите“ не се спремни да ја платат таа сума, па спремија интересна понуда. Имено, Реал е спремен да понуди 45 милиони фунти, плус услугите на Дани Себаљос.

Младиот Шпанец е на излезна врата од „Сантиаго Бернабеу“, а познато е дека Покетино сака да го донесе во својот тим.

Покрај тоа, Тотенхем, исто така, ќе добие солидна сума за данскиот репрезентативец, кој би требало да го задоволи лондонскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…