Мадридски Реал одлучи да ја прифати понудата на ФИФА за учество на светското клубско првенство кое би требало да започне во 2021. година.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
ФИФА има пеколен план да организира натпреварување од 24 клубови во 2021. година со огромен награден фонд и овој план го претстави пред најголемите клубови од Европа.
Челниците на Кралевите се заинтересирани за играње на ова натпреварување, а тоа го потврди и еден од директорите Емилио Бутрагуено.
„Сметаме дека навивачите би биле заинтересирани за ова натпреварување, а и за нас е доста привлечно. Тоа ќе биде натпреварување на најдобррите клубови од Европа и другите континенти и веруваме дека за навивачите че биде интересно да се видат дуелите со најдобрите тимови.“
Натпреварувањето кое би го организирала ФИФА ќе се одржува во јуни и јули секоја втора година, а ФИФА верува дека ова натпреварување ќе биде возбудливо за фудбалскиот свет.
Исто така, медиумите и спонзорите покажаа голем интерес за ова натпреварување и заработката на ФИФА би била голема, а само дел од колачот ќе им припадне на клубовите.