За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и „кралевите“ му порачале дека конечно може да си бара нов клуб.




Себаљос влезе во последната година од договорот и Реал сака да го продаде, а за неговата слобода бара само 10 милиони евра.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Интерес за Себаљос покажуваат неколку клубови од Серија А, пред се Наполи, но и клубови од Премиер лигата.
Со оглед на ниската цена која ја постави Реал Мадрид неколку клубови испратиле понуда до неговиот агент.




Шпанскиот плејмејкер сигурно ќе го напушти „кралскиот“ клуб, а треба да избере дали да се пресели во Серија А или да се врати во Премиер лигата каде што играше две сезони за Арсенал