Дома Фудбал Реал најде клуб за уште еден играч кој е „вишок“ кај Зидан

Реал најде клуб за уште еден играч кој е „вишок“ кај Зидан

Младиот лев бек на Реал Мадрид, Серхио Регулон следната сезона ќе ја помине на позајмица во Севиља, пренесува доброинформираниот „АС“.

Регулон во Севиља доаѓа по барање на Јулен Лопетеги, кој му даде шанса на дефанзивецот во првиот тим на Реал минатата сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми откриваат дека трансферот ќе биде официјализиран најдоцна до четврток, кога Севиља ќе ги започне подготоките.

Откако пристигна Флоран Менди, јасно е дека за Регулон нема место на „Сантиаго Бернабеу“, а во Севиља сигурно ќе има голема минутажа и ќе собере доволно искуство.

22-годишниот лев бек минатата сезона се проби во првиот тим на Реал Мадрид, но со враќањето на Зидан се пресели на клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…