Дома Топ вести Реал Мадрид ја сака ѕвездата на Њукасл

Реал Мадрид ја сака ѕвездата на Њукасл

Реал Мадрид е силно заинтересиран за играчот на Њукасл и бразилски репрезентативец, Бруно Гимараеш.

24-годишниот играч за врска игра фантастично и го привлече вниманието  на многу европски гиганти.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Њукасл ја победи конкуренцијата и во јануари за 50 милиони евра го доведе во своите редови, а Бразилецот  продолжи со одличните партии во Премиер лигата.

Реал спрема реконструкција на средниот ред за следната сезона, па Гимараеш ќе биде една од примарните трансфер цели.

Секако, нема да биде лесно да го убедат Њукасл да го пушти бидејќи клубот има големи финансиски ресурси, но „кралевите“ наскоро ќе стапат во контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…