Дома Фудбал Останато Реал Мадрид создава тим со кој би можел да доминира со години

Реал Мадрид создава тим со кој би можел да доминира со години

Во последните десетина години Реал Мадрид освои дури 18 трофеи од кои четири во Лигата на шампионите, два во шпанското првенство и два во шпанскиот куп.

Сега медиумите пишуваат дека Реал Мадрид создава тим кој ќе доминира во европскиот и светски фудбал во нардниот клуб. Во клубот се свесни дека Лука Модриќ, Серхио Рамос, Карим Бензема и Марсело полека се приближуваат кон крајот на кариерата и планирано е на нивното место да го превземат млади таленти.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Последниот играч кој е на радарот на шпанскиот гигант е 16 годишниот напаѓач на Лион Рајан Черки. Младиот Французин кого го споредуваат со Карим Бензема оваа сезона се појави на сцената и го привлече вниманието на Зинедин Зидан. Черки е продукт на фудбалската школа на Лион и гго сметаат за еден од најголемите француски таленти.

Пред два месеци Реал го ангажираше и 17 годишниот бразилски играч за фрска Реинер Хесус. Младиот бразлски феномен со Фламенго го освои националното првенство и Копа Либератодрес, а стигна и до финалето на клупското Светско првенство. Реинер во Мадрид се пресели за 30 милиони евра. Него го сакаа Манчестер Сити, ПСЖ и Барселона. Парижаните му нудеа поголема плата, меѓутоа младиот фудбалер сакаше во Мадрид, додека во Барселона одбија да платат 30 милиони евра.

Реинер со сонародниците Винисиус (19) и Родриго (18) би требало да биде еден од клучните играчи на новиот Реал. Тоа го потврдува и сумата од 120 милиони евра која ја потроши Реал на нивно доведување. Винисус дојде во Реал како и Реинер од Фламенго за 45 милиони евра, додека Родриго минатата година од Сантос во Мадрид премина за 45 милиони евра.

Норвежанецот Мартин Одегард беше првиот играч кој стигна во Реал од проектот на подмладување. Тој во Реал беше доведен уште во 2015 година кога како 17 годишник пристигна од Стромгест за четири милиони евра. Во овој момент тој како позајмен играч настапува во Реал Сосиедад, но се погласно се шпекулира дека Реал ќе го врати.

Со бразилското трио и Одегард иднината на тимот е и украинскиот голман Андреј Лунин, мароканскиот дефанзивец Ашраф Хакими, јапонскиот играч за врска Текефусо Кубо, Уругвацот Фредерико Валверде, бразилскиот стопер Едер Милитао...Хакими во овој момент е на позајмица во Борусија, но на крајот на оваа сезона се враќа во Мадрид. Кубо четири години помина во младинската школа на Барселона, а откако се врати во Јапонија, Реал го „украде“. Кубо во овој момент е на позајмица во Мајорка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ричарлисон: Сакав да се откажам од фудбалот по Светското првенство

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон (26) има добра сезона за Тотенхем. Пред еден месец го запре…